Казна од 200 до 500 евра за неовластена употреба на пиротехнички средства

Граѓаните да не употребуваат  неовластени пиротехнички средства (петарди, палење ракети…) во пресрет на новогодишните и божикните празници, апелираат  од СВР Струмица.

Поради нарушување на јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните, лицето кое неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства, сличен експлозив или запалив материјал, ќе биде парично казнето  од 200 до 500 евра,  додека оној кој набавува експлозивни материи заради употреба, без одобрение. ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 400 евра, известуваат од СВР Струмица.

Казна од 1 до 10 години со затвор се очекува и за лица кои неовластено употребуват, држат, продават, набавуваат или вршат размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи,

Поголема количина на огнено оружје,муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години.

Палење ракети, приредување огномет, фамилијарни или слични приредби мора да се пријават во МВР – Сектор за внатрешни работи – Струмица на чие подрачје се одржува приредбата, најдоцна пет дена пред почетокот на приредбата.

Comments are closed.