Во ноември решени 86 пријави на граѓаните преку „Систем 48“

Во текот на месец ноември до општинскиот сервис „Систем 48“ биле доставени вкупно 100 пријави. Од нив решени се 86 пријави, а останатите 14 пријави се во процес на решавање бидејќи се работи за проблеми кои не се решаваат во период од 48 часа. Најголем број од пријавите во месец ноември се од областа на уличното осветлување 56, 30 пријави се однесуваат на собирањето смет, 7 пријави за водовод и канализација.

Најголем дел од пријавите доставени до „Систем 48“ се решаваат во рок од 48 часа, односно оние кои што се од областа на уличното осветлување, собирањето смет, водовод и канализација.  За решавање на останатите пријави кои се однесуваат на улица, патишта и тротоари потребно  е повеќе од 48 часа, бидејќи се работи за посложени проблеми кои не можат да бидат решени во тој временски период.

 

 

Comments are closed.