За престојните новогодишни и божиќните празници овие денови традиционално се украсува градот, но и неколку населени места, информираат од општина Струмица.
Во самиот центар ќе биде поставена елка виока 15 метри, а помали елки ќе ги красат и кружните текови во градот.
Во „новогодишно руво’’ ќе бидат булеварите Маршал Тито, Ленинова и Гоце Делчев, струмичкото корзо, плоштадот, главните улици – Сандо Масев и Маршал Тито, како и населените места – Костурино, Куклиш, Муртино и Дабиле.
Новогодишната декорација чини 1,5 милиони денари, а за неа е задолжена скопската фирма „Линк медија плус’’.