Осум пати струмичките пожарникари интервенирале во изминатата недела

Територијална противпожарна единица имала вкупно осум интервенции во периодот од 9 – 15 ноември на подрачјето на општина Струмица.

Пожарникари на шест места во градот гаснеле запален отпаден материјал, потоа дел од опожарена кровна конструкција од производствен објект во индустриската зона Север, како и запалена трска и сува трева на регионалниот пат Струмица – Радовиш.

 

Comments are closed.