Градскиот парк во Струмица е едно од местата каде струмичани го поминуваат поголемиот дел од летните денови за прошетка и одмарање во природа.
Еден од спомениците кои го красаат градскиот парк во Струмица е споменикот „Фаќање на василевското бекче”, дело на Борис Крстевски. Споменикот се состои од три мермерни скулптори, на кој се преставени познатиот македонски револуционер Гоце Делчев, негов комита и заробеното василевско бекче.