Струмичките таксисти најостро ја критикуваат одлуката за учење на англискиот јазик

За да можат да превезуваат патници, таксистите задолжително ќе треба да знаат англиски јазик. До 2017 година да имаат основно познавање , а до 2019 еден степен повеќе. Така ќе можат да добијат и лиценца.

Трошоците за учење ќе бидат на товар на министртвотот за транспорт и врски и на општините. -Таксистите ќе имаат период од три години за прилагодување на оваа новина.

Такси возачите зад камерите најостро ја критикуваат оваа одлука велат дека основните работи кои треба да се решат во однос на такси сообркајот не е решен а за англискиот не ни коментираат. Од министерството покрај одлуката за изучување на англискиот јазик излегоа и со друга одлука- Такси превозниците од сега ќе мора да стојат исклучиво на авто – такси стојалиште. Ако превозникот го прекрши правилото, ќе биде казнет со 500 евра глоба. Доколку ја повтори грешката, трајно ќе му биде одземена лиценцата.

 

извор: Вис.мк

Comments are closed.