Децата од ЦПЛИП „Порака’’ во посета на Црвениот крст

Членовите на Центар за подршка „Порака’’ денеска го посетија Црвениот крст во Струмица по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Тие донираа облека на оваа хуманитарна организација, а ја искористија приликата и да се дружаат со нивните преставници.

Спрема овогодишната порака за Меѓународниот ден на лицата со попреченост – „Рушење на бариери, рушење на вратите кон инклузивното општество и развој на сите’’, членовите на „Порака’’ го посетија и ООУ „Видое Подгорец’’каде се запознаа и дружеа со делот од нивните ученици.

„Со нашата посета на ова училиште сакавме да ја изразиме потребата од инклузија на лицата со интелектуална попреченост со нивните врсници од редовната настава. На Црвениот крст сакавме да изразиме благодарност за нивната хуманост и солидарност бидејќи најчесто лицата со попреченост се целна група на проекти.’’ – вели Габриела Ѓоргиева од Центарот за подршка „Порака’’.

Центарот за подршка „Порака’’ има 27 членови.

Comments are closed.