За да бараш човекови права, треба да имаш барем нешто човечко.
Тешко вам ако во бракот ви влезе олеснувач.
Ставот им е цврст, ама аргументите им се ептен меки.
Политичарите се луѓе кои прво велат „оп’’, а потоа – не скокаат.
Трите прасиња кои се спасија од волкот, за жал не куртулија од човекот.
Таму каде се сади омраза, никнува оружје.
Зад секој успешен маж стои жена, а зад секоја успешна жена стои – бебиситер.
На правдата и се врзани очите, за да не гледа како и ги полнат тасовите.