При контролa пронајдено хероин кај струмичанец

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.Ј.(42) од Струмица за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 17.06.2013 година, на влезот во Струмица извршена е контрола на патничко возило, управувано од Р.П. од Струмица а во кое сопатник бил пријавениот. По извршен преглед врз пријавениот се пронајдени и запленети 2,93 грама хероин.

Извор: Вис.мк

Comments are closed.