Заев: Струмица ќе ја добијат само на разгледница

На парламентарците на бугарската ултранационалистичка партија АТАКА кои со декларација побараа Струмица да ѝ се врати на Бугарија, наведувајќи го тоа како услов за бугарската поддршка на Македонија во евроатлантските аспирации, градоначалникот на Струмица Зоран Заев им порача кратко: Струмица ќе ја добијат само на разгледница.

,,Во Струмица живеат луѓе кои зборуваат македонски јазик, кои пеат македонски песни, играат македонски ора, учат, пишуваат, читаат и размислуваат на македонски и стојат простум кога се интонира македонската химна. Оние кои бараат да биде Струмица дел од Бугарија, нека остават точна адреса затоа што можат да ја добијат Струмица само на разгледница … а на разгледницата ќе пишува Поздрав од МАКЕДОНИЈА” – напиша тој на својот Фејсбук профил.

 

Извор: Plusinfo.mk 

Comments are closed.