Партнер училиштата од општините Струмица и Тетово продолжуваат со меѓуетничката интеграција

Во рамките на активностите предвидени во програмата за заеднички активности на училиштата вклучени во проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, деновиве се реализира средба на учениците и членовите од тимовите за училишна интеграција од општинското основно училиште „Маршал Тито“ од селото Муртино, општина Струмица со партнер училиштето „Наим Фрашери“ од Тетово.

На заедничката средба беа презентирани знаменитостите и убавините  на двете населени места, а потоа беа посетени манастирот во село Лешок, Шарената Џамија и Али Баба-турското Теќе.

Општина Струмица, како пилот општина во овој проект ги поддржува сите активности со кои се подобрува меѓуетничката комуникација и надминувањето на етничките, културолошките и јазичните препреки.

Comments are closed.