Пазарџиите денеска повторно протестираа

Пазарџиите и дуќанџиите денес повторно еден час протестираа на раскрсницата пред ТЦ „Глобал“ во Струмица.
 Под мотото „Стоп за безредието и сивата економија во Струмица“, им укажуаат на надлежните органи дека време е веќе да стават ред со „дивите продавачи“ по улиците во центарот на градот.
 И покрај ветувањата од началникот на СВР Струмица дека полициски службеници ќе интервенираат заедно со надлежните инспектори, пазарџиите велат дека тоа било само за неколку дена, затоа се решиле повторно на овој мирен протест.
извор: Вис.мк

Comments are closed.