Младите се запозна со своите граѓански права во однос со полицијата

Преку денешната работилница насловена „Младите и полицијата – кои се нашите права?’’, младите од Струмица имаа можност да се запознаат и дискутираат за своите граѓански права во однос со полицијата како државни органи.

Работилница се одржа во Домот на АРМ, а студентите и средношколците се запознаа и научија повеќе за Законот за малолетничка правда, Закон за полиција, Закон за прекршоци за јавниот ред и мир.

Работилницата „Младите и полицијата – кои се нашите права?’’ преставува дел од УСАИД проектот „За граѓанско опшстество“. Оваа работилница е организирана од страна на коалицијата „Сите за правично судење’’ во соработка со Младинскиот совет од Струмица.

Comments are closed.