Кошаркарите на Струмица убедливи против Вардар Апаве

Кошаркарите на Струмица во рамки од 8-то коло ги совладаа кошаркарите на Вардар Апаве со резутат од 82-75.

Струмица покажа убедлива игра уште од самиот почеток на натпреварот, односно по првата четвртина домаќинот направи предност од шест поени 21-15 додека на полувреме разликата ја зголемија на плус 10 односно 42-32. Ниту во третиот период гостите не можеа да се спротивстават на домаќините, па во последните десет минути поразот го ублажија на 7 разлика.

Струмичани до победата против Вардар Апаве ги предводеше Александар Нарања со 19 поени и Ашанти Кук со еден поен помалку односно 18, кај гостинскиот тим Жарко Ѓуриќ уфрли 20 поени, додека 13 поесни за Вардар Апаве постигна Дарко Костески.

Струмица моментално се наоѓа на 5-тото место со вкупно 11 бодови.

Во следното коло Струмичани на гостинските терен силите ќе си ги одмери со Работнички.

Александар Ванев

Comments are closed.