Заврши хуманитарниот турнир во мал фудбал во СОУ „Никола Карев’’

Традиционалниот  турнир во мал фудбал, што се играше во текот на овој месец во СОУ „Никола Карев’’, денеска доби завршница.

Турнирот беше од хуманитарен карактер во кој учениците од оваа училиште собираа парични средства за да им помогнат на своите врсници на кој им е потребна помош, но и да се разбуди спортскиот дух кај средношколците.

Победник на спортскиот натпревар е екипата „Јанг бојс’’, второто место зазема „Проџект икс’’, додека  третепласирана е екипата под наслов „Златна рипка’’.

Турнирот е организиран од страна на Младинскиот совет при СОУ „Никола Карев’’, а на него учествуваа вкупно 18 тимови.

Comments are closed.