При претрес кај струмичанец пронајдени 2 килограми непозната растителна материја

На 18.11.2013 година, во Струмица при извршен претрес во домот на А.П.(29) од Струмица се пронајдени околу два килограми непозната растителна материја, алуминиумски фолии со непозната прашкаста материја, полиетиленски омоти со растителна материја, девизни и денарски средства.

Пронајдените предмети се предадени за вештачење, а по документирање на случајот против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Извор: ВИС.МК

Comments are closed.