Денеска започнува новиот циклус дисеминација за националната програма ЦКА- ПХВ ( Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности). Преку оваа програма младите волонтери стекнуваат соодветна едукација препознавање на потребите на заедницата, изработка на проекти, имаат пракса на терен со директен контакт на ранливото население.
„Со оваа програма се обидуваме да направиме промена на дневната рутина на младите луѓе кои се вклучени во реализација на малите проекти преку поттикнување да станат одговорни и зрели личности во заедницата свесни за сопствената култура и културата на другите.
Во оваа програма можат да се вклучат млади одговорни луѓе од различно религиозно, национално и социјално потекло заедно да соработуваат и да документираат и изработуваат мали проекти за добробит на заедницата. Ке ни биде задоволство да ја проследите нашата работилница.’’ – вели Заге Каменчева од Црвениот крст – Струмица.
Оваа програма ја спроведуваат 35 Општински организации на Црвен крст на територијата на Р.Македонија и се реализира веке 16 години. Преку истата се обучуваат годишно 1200 потенцијални волонтери на Црвениот крст , вклучените млади изработуваат 200 проекти на годишно ниво додека 500 лица се помогнати од оваа армија на млади луѓе.