Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата одржа работен состанок

Членовите на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во просториите на Домот на АРМ во Струмица одржаа работен состанок на кој беа разгледани и усвоени повеќе информации.

Претседателот на Советот, Зоран Узунов, ги информираше членовите за доставеното писмено известување по барање на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за спроведувањето на Националната стратегија за унапредување на безбедноста на патиштата. На состанокот беа разгледани и усвоени и информациите за презентација на сообраќајниот буквар 2, за спроведените едукативни предавања со учениците од одделенската настава и информацијата за реализација на програмата за Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи, 17 ноември.

Comments are closed.