Генералниот секретар на СДСМ на средба со преставниците на бизнис заедницата во Струмица

Високото раководство на СДСМ предводено од генералниот секретар, Оливер Спасовски, денеска ја посети Струмица каде во Домот на АРМ оствари средба со преставниците на бизнис заедницата од Струмица.
Спасовски ги презентираше предлог-мерките од новата програма на СДСМ за унапредување и развојот на стопанството како и предлог-мерките во сферата на земјоделието. Тој посебно стави акцент на создавање еднакви услови за странските и за домашните инвеститори.

Тој истакна дека е недозволиво сомнителни бизнисмени како Субрата Рој да добиваат далеку поповолни услови за инвестирање во Македонија, во време кога секојдневно македонските стопанственици под клуч ги ставаат своите мали или средни претпријатија, заради немоќ да остварат профит во сопствената држава.
Струмичките стопанственици пак особен интерес пројавија за предлог-мерките кои предвидуваат повторно воведување на зелена нафта за земјоделците, правична распределба на субвенциите, обезбедувањето квалитетен семенски материјал и воведувањето на бенефициран стаж за земјоделските работници.
Генералниот секретар изјави дека новата Влада на СДСМ ќе инвестира во инфраструктурата, во изградбата на автопатишта но и во капитални објекти, електрани и хидроцентрали. Дополнително, во таа насока предлог мерките на СДСМ предвидуваат Буџетот на РМ да се носи на транспарентен начин, преку јавна и експертска дебата.

Comments are closed.