Сообраќајните знаци ги ставаат настрана од патот, за да не бидат прегазени.
Кога веќе ќе немате со кого да го споделите и доброто и лошото, тогаш навистина сте за жалење – вие сте етнички чисти.
Таму каде нема правна држава – има жална.
Многумин родители се залажуваат, дека ако го замолчале, и го воспитале детето.
Златни времиња биле оние пред да се знае за златото.
Од народот најмногу се краде, оти тој не знае колку е богат – сиромашкиот.
Сакам да сум животно, нив не ги отпуштаат од работа.