Во изминатата недела, ТППЕ имала вкупно тринаесет интервенции во градот и населените места.
Најдолгата интервенција траела вкупно 5 часа и 10 минути во селото Куклиш каде 8 пожарникари гаснеле опожарен магацински поростор до после полноќ, додека најкратко се задржале на улицата Младинска на 10 ноември каде се гаснело запален отпаден материјал вкупно 14 минути.
Во останатите интервенции, Противпожарна единица локализирала опожарени електрични столбови, сува трева, трска, копа сено, нискостеблеста шума, оџаци на семејни куќи, кровна конструкција од угостителски објект, а имало и една техничка интервенција – извлекување на повредено лице во сообраќајна незгода.