Беласица очекувано го декласираше тимот на Каменица Саса

Беласица со убедливи 3:1 го декласираше тимот на Каменица Саса на домашен терен во рамки од 12. коло во 3. МФЛ – Исток. Беласица очекувано ја оправда фаворитската улога на натпреварот, па по оваа победа и понатаму останува на лидерската позиција со 34 бодови и се наоѓа на плус 6 бодови, откако второ пласираната Слова 1934 (В) ремизираше во натпреварот со Осогово играјќи 1-1.

Беласица и по 12 одиграни кола сеуште е без пораз, односно едно реми и 11 победи е вкупниот учинок за тимот од Струмица.

Александар Ванев

Comments are closed.