Одржана 16 – та „Тортијада’’ во Банско

Традиционалната манифестација ,,Тортијада 2013“ се одржа синоќа во хотелот ,,Цар Самуил” во Банско. До касно во ноќта, лицата со телесен инвалидитет од цела Македонија уживаа во средбата и пријателското дружење, а некои и учествуваа во музичкото натпреварување, правење торти и квиз на знаење.

На ,,Тортијада 2013“ се претставија учесниците од Здруженија од Македонија, како и гости од Здружението на инвалидизирани лица од Нови Књежевац – Србија. За најдобра торта беше проглаsена „Ајверијада’’ кои ја припремија преставничките од ЗТИЛ „Мобилност’’ – Струмица. Второто место го зазедоа учесниците од Охрид, а третото Кичево.

Манифестацијата ,,Тортијада 2012“ организирана е од страна на Здружението на лица со телесен инвалидитет ,,Мобилност” – Струмица, а под покровителство на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет “Мобилност Македонија“ и градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, кој како и секоја година и синоќа присуствуваше на средба.

Comments are closed.