Здружението „Балд Еагле-Халиаеетус Лауцоцепхалус’’ доби и своја веб страна

По петогодишнато постоење, Здружението за заштита на птиците грабливки и природните реткости „Балд Еагле-Халиаеетус Лауцоцепхалус’’ од Струмица ја отвори својата прва официјална веб страна на здружението www.baldeaglestrumica.com

Веб страната има за цел информирање и едукација на граѓаните на Општина Струмица и пошироко за заштита на птиците грабливки, биодиверзитетот, презентирање на соколкарството како и сите минати и идни активности на здружението. Страната е финансирана од Општина Струмица од Г1 програмата за подршка на локалниот економски развој на Општина Струмица 2013 година.

Comments are closed.