ОК ,,Еделвајс’’ во Португалија ја промовираше Струмица како домаќин на ЕП 2014

Македонската федерација во спортска ориентација и ОК ,,Еделвајс’’ од Струмица го добија официјалното знаме на IOF како организатори на 13- тото Европско првенство во спортска ориентација што во Струмица ќе се одржи во јуни идната година.

Примопредавањето на официјалното знаме на Меѓународната федерација во спортска ориентација се случи во Лисабон (Португалија) каде се одржа 12 тото Европско првенство.

Присуството на македонската делегација предизвика огромен интерес кај младите од цела Европа кои учествуваа на Европското првенство во Португалија.

,,Како организатори на престојното Европско првенство во спортска ориентација идната година успеавме да ги информираме сите земји учеснички на првенството во Португалија.  Ги информиравме за Македонија, градот Струмица, патеките кои се планирани за натпревари, но и за убавините што ги нуди овој регион од државата. Речиси од сите држави добивме потврда дека ќе бидат дел од првенството што ние го организиравме. Секој учесник сакаше да се слика со официјалното лого на нашето првенство,, –  вели Ристо Киров, член на организациониот одбор кој престојуваше во Португалија со уште двајца членови на ОК ,, Еделвајс,, од Струмица

Идната година Струмица ќе биде  домаќин на младинското првенство во спортска ориентација  „Струмица опен 2014’’ кога се очекува да земат учество околу илјада натпреварувачи од 30 – тина европски држави.

Comments are closed.