Ашанти Кук веќе два месеци живее во Струмица. Од прекуокеанскиот Лос Анџелес дојде овде како појачување на кошаркарскиот клуб „Струмица’’ и од септември е негов играч.
Кажува дека му се допаѓа животот тука бидејќи „луѓето се пријателски настроени и климата е одлична’’. За себе вели дека сака да готви, патува, да стекнува нови искуства. Може и да се пофали дека има глумено во реклами за NIKE, AT&T и Adidas во Америка.
Но, како изгледа животот во Струмица од негов агол, можете да прочитате во следното интервју…
Каков беше твојот прв впечаток за Струмица?
Прво што помислив кога пристигнав во Струмица беше дека е тоa e мал и тивок град. За мене, како некој кој доаѓа од Лос Анџелес, каде има гужви во сообраќајот и многу луѓе кои ги сретнувааш секојдневно и се составен дел од животот, доаѓањето тука беше дефинитивно голема промена во животното темпо.
Може ли струмичани да се споредаат со Американците?
Да. Струмица ме потсетува на Јужниот регион во Америка. Таму се живее многу побавно, луѓето се однесуваат доста пријателски едни спрема други, и се грижат едни за други.
Како го поминуваш своето слободно време овде?
Се зависи како сум расположен. Обично шетам во паркот или низ градот. Некогаш останувам во собата, гледам филмови или читам. Ако имам слободен ден сакам да гледам ракомет или фудбал.
Дали струмичани пробуват да воспостават комуникација со тебе?
Се случува, најчесто кога одам или се враќам од тренинг. Луѓето ме прашуват да се фотографирам со нив, ги интересира поради кои причини сум овде, од каде доаѓам, дали ми се допаѓа градот, и уште многу слични прашања.
Како се снаоѓаш со разбирањето на македонскиот јазик?
Пробав да научам некои македонски зборови од моите соиграчи. Ќе биде тешко некое време, но јас уживам во овој процес. Луѓето добро ме прифќаат и пријателски се однесуваат, и јас се чуствувам навистина пријатно.
Дали ти допаѓа македонската кујна?
Можам да кажам дека сум личност која обожава храна и сум задоволен со храната во Струмица. Не можам да се сетам на имињата на македонските јадења, но можам да кажам дека имаат одличнен вкус. Нешто што многу сакам да јадам е Шопска салата. Доматите и краставиците се секогаш свежи, а во комбинација со маслинките се одлични за јадење.
Постои ли нешто што ти е посебно интересно овде, нешто што е поразлично од твојата култура?
Кафичите се прилично интересни бидејќи се различни. Тоа е место каде секој оди да одмори и ужива, додека во Америка е поинаку. Луѓето одат во барови и кафичи, или кај други пријатели по куќи со цел да се дружаат. Ми се допаѓа таа идеја да излегуваш во град на кафе или чај и да разговараш со часови. Тоа е нешто на што би можел да се навикнам.
Шта мислиш за младината во Струмица?
Младите луѓе од Струмица ме потсеќат на пријателите од мојот град. Само уживаат во животот, работејќи вредно и забавувајќи се – тоа е така кога си млад.