Пандев тужи туристичка агенција – ja користеле неговата картичка за туѓи патувања

Горан Пандев тужи туристичка агенција во Италија, која го оштетила за 6.300 евра со злоупотреба на неговата кредитна картичка за плаќање патувања на други лица без негово знаење, пишува весникот „Месаџеро“.

Заменикот на јавниот обвинител Џорџо Орано покренал истрага во која засега е осомничена само една жена за поткраднувањето на македонскиот фудбалски репрезентативец во периодот од 2004 до 2009 година, кога тој играше за Лацио.

Таа имала увид во кодовите на кредитната картичка на сегашниот напаѓач на Наполи, со која се платени неколку авионски билети до Париз, до Милано, до Франкфурт, до Амстердам и до Глазгов. Случајот го открила банката што му ја издала картичката на Пандев, која забележала кусок на неговата банкарска сметка и чудна низа од исплати, па го информирала за тоа, а тој, откако се уверил дека бил измамен, решил да покрене тужба.

Comments are closed.