Девет часа траела најдолгата интервенција на струмичките пожарникари

Вкупно три интервенции ја одбележиле минатата работна недела на Територијална противпожарна единица од Струмица. На улицата Ленинова, пожарникарите гаснеле дел од опожарена кровна конструкција на колективна станбена зграда, додека на улицата Братство Единство е извршена тех. интервенција-дотур на техничка вода.

 Најдолгата интервенција ТППЕ ја имала на планината Огражден каде 19 пожарникари гаснеле шумски пожар вкупно 9 часа.

Comments are closed.