Италијанскиот амбасадор во посета на Академијата „АБЦ’’

Ернесто Масимино Белели, италијанскиот амбасадор во Р. Македонија, денеска ја посети Академијата за образование и спорт „АБЦ’’ во Струмица по повод јубилејните 20 години од нејзиното постоење.

Целта на посетата беше изучувањето и промовирањето на италијанскиот јазик во струмичкиот регион, како и воведувањето на италијанскиот јазик како втор јазик во основното училишта.

Во разговор со првиот човек на Академијата „АБЦ’’, Белели разговараше и за образованието за возрасни, за нивната преквалификација и доквалификација, на што се даде акцент на потребата од работна сила од ваков вид во Европа. Академијата за образование, спорт и култура„АБЦ’’ како институција е препознатлива е и докажана во организирањето и спроведувањето на наставата по италијански јазик со што потврдува големиот интерес од страна на учениците за изучувањето на овој јазик.

Можностите младите да специјализират, студират во Италија како и да добијат подобри работни места, го зголемуват интересот за изучувањето на италијански јазик во Струмица.

Comments are closed.