За сите радости и убави моменти што ги приреди со својата игра, капитенот на македонската ракометарна репрезентација, Кирил Лазаров кој во моментот се наоѓа во Струмицаа поради утрешниот натпревар со Црна Гора, на подарок доби потрет како знак на благодарност од струмичкиот уметник Митко Тошев.
Потретот, на кој Лазаров го носи македонски дрес држејќи рака на срце, му го врачи градоначалник Зоран Заев.
Сликата е висока 2.6 метри и широка 1.5 метри.