ООУ „Сандо Масев’’ стана првото училиште во Струмица кој ќе произведува електрична енергија со помош на вграден соларен систем, а честа системот да го пушти официјално во употреба ја имаше градоначалникот Зоран Заев. Во процесот на реализација на овој проект на ООУ „Сандо Масев’’ беше реконструиран и кровот. На него се монтирани 78 соларни панели додека во просториите на училиштето е сместена опрема за трансформација и дистрибуција на електрична енергија.
Имплементацијата на овој проект овозможува многукратни финансиски и еколошки придобивки. Финасискиот бенифит се состои во тоа што Општина Струмица годишно ќе заштедува 262.337 денари, само по основ на заштеди од трошоците за потрошена електрична енергија на оваа училиште.
Еколошката димензија пак се отсликува во намалената емисија на штетни гасови во воздухот и почиста животна средина. За реализација на овој проект општината доби грант од Европската унија во износ од 192 илјади денари наменети за создавање на енергетско ефикасни и енергетски независно училиште.