Прва награда за седумгодишната пијанистка Ивана Мазнејкова во Рига

Ивана Мазнејкова, ученичка од ОМУ „Боро Џони’’, освои прва награда на Меѓународниот натпревар во пијано што се одржа во Рига (Летонија).

Ивана на натпреварот беше поканета да презентира композиција од национален автор. Покрај слободната програма во задолжителниот дел, таа се престави и со композиција од македонскиот автор, Б. Цунев.
За успешен настап, седумгодишна пијанистка доби многу комплименти од интернационалното жири, а публика ја награди со долг аплауз.
Ивана Мазнејкова до сега е добитник на 14 меѓународни награди во пијано.

Comments are closed.