СВР Струмица поднесе кривична пријава против 44-годишниот Т.А од Струмица кој се сомничи за „полов напад врз малолетно лице“, а истражниот судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Осомничениот пред два дена нападна 12-годишна ученичка во ООУ „Видое Подгорец“. Утрото во 7 часот и 15 минути тој го пресретнал девојчето кое одело кон школото и побарал да му го покаже школскиот тоалет.
Кога стигнале до тука, педофилот ја турнал ученичката во ве-це-то и почнал да ја обљубува. Целиот чин го видел еден ученик, по што сторителот побегнал од местото.
По извршената истрага, сторителот вчера беше уапсен.
извор: Вис.мк