Турново ремизираше со Напредок во Кичево. Во израмнет натпревар тимот на Турново не успеа да стигне до три бода на дуелот со Напредок. По седум минути игра Турново преку Ејупи го отвори резултат за 0:1. Во 28. минута Тенекеџиев доби црвен картон, а фудбалерите на Турново останаа со играч помалку на теренот.
Вељановски во 45. минута погоди за 1-1. Во второто полувреме Напредок во 52. минута успеа да дојде до водство од 2-1, но Наумчевски со погодок во 55. минута донесе бод за Турново и конечни 2-2. Турново следното коло на домашен терен силите ќе си ги одмери со Пелистер. Моментално Турново заостанува 3 бода зад најголемиот ривал и конкурент за титулата, Вардар. Александар Ванев