Педофил се обидел да силува 12 годишно девојче во ОУ ,,Видое Подгорец’’ во Струмица

Вчера наутро околу 7 часот,  педофилот кој најверојатно бил пијан, го пресретнал девојчето во близина на училиштето и побарал  да му го покаже вецето, при што  од споредниот влез го извлечкал до тоалетот каде почнал да ја допира по телото. За среќа врисоците на девојчето ги чуле врсници од одделението, и истрчале да и помогнат, а педофилот избегал.
Од училиштето  рекоа дека се во контакт со полицијата и соработуваат за целосно расчистување на случајот.
Обидот за силување го потврди и струмичката полиција. Инспектори на СВР веднаш по пријавувањето на настанот биле во училиштето, а едно лице веќе е осомничено.
Досега не се памети во струмичко  педофил да нападне дете во училишната зграда.
извор: Вис.мк

Comments are closed.