Советниците од СДСМ ја напуштија седницата на Совет на општина Струмица

Советниците од советничката група на Сојузот за иднината заедно со претседател на Советот, Марјан Даскаловски, ја напуштија денешната осма седница на Советот на општина Струмица.

Како што изјавија, причина за тоа е солидарност со претседателот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ,  кој од неодамна се наоѓа во притвор:

„СДСМ нема да дозволи да ВМРО – ДПМНЕ со институционално насилство да ја превземе контролата врз општина Центар. По изборната тортура, власта е во нов поход преку нови монтирани политички процеси да ја поништат јасно изразената волја на граѓаните. Единствениот претседател на општинската оргазнизација на општина Центар и претседател на Советот на општина Центар е што не попушти под заканите и притисоците на власта. Бараме од судот да го прекине притворот на Мирослав Шиповиќ и да му дозволи да се брани од слобода. Судот да не ја користи мерката притвор како казна за Шиповиќ и за неговото семејство. Ја повикуваме власта да престане со притисок врз Судот однапред да му пресуди на Шиповиќ, а со тоа и на волјата на граѓаните во Центар. Очекуваме дека кај ВМРО ДПМНЕ- ќе проради разумот и ќе обезбеди непречено функционирање на општина Центар’’ – ги образложи причините за напуштањето на седницата Јосиф Христов, советник од СДСМ.

Советниците од редовите на ВМРО –ДПМНЕ го карактеризираа денешното прекинување на седницата како нарушување на уставниот поредок.

Comments are closed.