СОУ „Јане Сандански’’ беше домаќин на гимназијалците од „Зеф Луш Марку’’

Учениците и наставниците од  скопската гимназија „Зеф Луш Марку’’ денеска беа гости на струмичката гимназија „Јане Сандански’’ .
Во рамките на проектот за подобрување на меѓуетничка интеграција и унапредување на меѓуетничкиот дијалог во училишта, преставниците  на гимназиите се  запознаа низ   песни, игри и дружење.
Гостите го пробаа струмичкиот ајвар, а во текот на денот ќе ги посетат и Колешинските водопади.
Во проектот за меѓуетничка интеграција  до сега учестувуваа десет основни и средни училишта од Република Македонија.

Comments are closed.