Германска амбасадорка во посета на Академијата „АБЦ’’

Гудрун Штајнакер, германската амбасадорка во Македонија, денеска ја посети Академијата за образование спорт и култура „АБЦ’’ во Струмица, по повод 20 години од нејзиното постоење.


Оваа посета беше афирмацијата на веќе докажаната институција „АБЦ’’ за изучувањето и промовирањето на германскиот јазик во овој регион кој има најголема употреба во Европската унија, и е еден од трите најважни јазици на институциите на ЕУ.
Амбасадорка Штајнакер изјави дека и е драго што германскиот јазик е еден од најбараните за учење во Струмица:
„Драго ми што денеска видов како работи Академијата „АБЦ’’ која што со нашата амбасада има добра соработка. Драго ми е што слушам дека се повеќе луѓе сакат да учат германски, и ќе ja подржувам оваа работа на „АБЦ’’ и во иднина’’ – рече амбасадорката.

Амбасадорката лично даде осврт со посебен акцент на развојот на острученото образование, младинската политика, како и можноста за градење на кариера, студии, специјализации во Р. Германија, и сл.

Стојан Витанов, првиот човек на Академијата „АБЦ’’, смета дека причината за изучавање на германскиот јазик се должи на можноста младите да добијат подобри работни места и изградат кариера во германските и австриските фирми кои се преставуваат и еден од најдобрите работодавачи моментално во Европа:

„Изучувањето на германскиот јазик не е потешко од многу други јазици. Сето тоа се докажува фактот дека во моментот е огромна бројката на ученици кои го изучуваат германски јазик во Академијата „АБЦ’’. Тие се расподелени во повеќе групи и во степени од основно ниво, па се до најнапредно ниво’’ – рече Витанов.

Comments are closed.