Сојузот на здруженија за техничка култура „Народна техника’’ Струмица заедно со Здружението „Без граници 21’’ од Ќустендил, започна со имплементација на проект „Дигитална култура за регионална кохезија’’, финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка.
Целите на проектот се да се зголеми социјалното зближување и атрактивноста на пограничниот регион преку културна размена и дигитална промоција на неговите културни добра, како и креирање на модел за дигитализација на културните содржини кој ќе се употребува во промоција на културните добра на пограничниот регион помеѓу Бугарија и Македонија.
Резултатите после проектот треба да покажат зголемена атрактивност на регионот базирана на културно наследство со дигитализација на 400 културни добра, како и зголемена свест на целните групи за дигитална култура и за нејзината европска и регионална димензија.
Вкупна парична вредност на овој проект изнесува 99.533 евра, а за Македонија 40.568 евра.
Проектот ќе биде завршен на 25 април 2014 година.