Општина Струмица го одбележи Денот на македонската револуционерна борба

Општина Струмица со свеченост денеска го одбележи Денот на македонската револуционерна борба. Во Домот на АРМ беше приредена културно – уметничка програма во која настапија Ансамбл „Тримери’’, учениците од ОМУ „Боро Џони’’, а револуционерна поезија читаа учениците од Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето’’.

Денот на македонската револуционерна борба е одбележување на 120 години од основањето на Внатрешно македонската револуционерна организација – ВМРО.

Comments are closed.