Со лепенки на уста, со транспаренти „Засекогаш ќе молчиме, само ослободете го Кежо“, денеска група граѓани побараа слобода за новинарот Томислав Кежаровски.
Излегоа на протест и покажаа дека молчењето во одредени случаи може да биде посилно и од зборот. Протестот беше по иницијатива на новинарот Томе Христов.
Новинарот Томислав Кежаровски е осуден на четири и пол години затвор, бидејќи пред пет години во списанието „Репортер 92“ го објавил името на загрозениот сведок „Бреза“ во случајот „Ореше“. Ваквата пресуда предизвика шок и неверување кај граѓаните, но и колегите на Кежаровски.
извор: ВИС.МК