Започна бесплатна обука за младите струмичани – „Како да најдам работа и да ја задржам?’’

Околу 27 млади од Струмица од денеска ќе учествуват во шестодневна обука „Како да најдам работа и да ја задржам?’’, организирана од страна на „Гешталт Солушн’’ од Штип во соработка со Младинскиот совет од Струмица.

Целта на проектот е да се зголеми конкурентска предност на пазарот на труд на жителите од општина Струмица. Во наредниот период, младите ќе научат како да се информират за добро работно место, како да изговтват апликација за работа, да се запознат со процесот на професионална селекција, интервју за работа, и слично.

Реализацијата на овој проект финансиски е подржана од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.
По завршувањето на бесплатна обуката, секој учесник ќе добие сертификат.

Comments are closed.