Претставници на Струмица учествуваа на менторска средба за меѓуетничка интеграција во образованието

 

Во организација на МЦГО-Скопје, а во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, во хотелот Континентал во Скопје, се одржа дводневна менторска средба за обезбедување поддршка за успешно спроведување на заеднички активности за меѓуетничка интеграција во образованието, на која се разгледаа прашања за рефлексија на зедничките активности и критериумите за успешно спроведена заедничка активност на училиштата кои во претходниот период се вклучиле како партнер училишта од различни пилот општини, меѓу кои спаѓа и општина Струмица.

На средбата активно присуствуваа тимовите за меѓуетничка интеграција од пет основни училишта од општина Струмица, со советниците за образование кои се вклучени како соработници за поуспешна соработка со локалната заедница.

 

Comments are closed.