Хоризонт Турново немаше проблем против Гостивар во натпревар од 11-тото коло во ПМФЛ. Тие ги победија гостите со 5-1 на Кукуш.
Со трите гола на Блажевски и по еден гол на Ејупи и Најденов, Турново немаше никаков проблем да стигнат до посакуваната победа. Единствениот погодок за Гостивар го постигна Дехари во 44 минута. Турново сега заостануваат два бода зад Металург Скопје и бод зад најголемиот конкурент за титулата – Вардар.
По оваа победа Турново, моментално се наоѓа на третото место со 17 освоени бодови, додека пак Гостивар се наоѓа на последното место со 7 освоени бодови.
Во следното коло фудбалерите на Турново, силите ќе си ги одмерат со Шкендија на гостински терен.
Резултати: 11 коло – 20.10.2013
Брегалница 0-0 Металург Скопје
Еуромилк 2-0 Напредок
Македонија ГП 0-0 Пелистер
Ренова 1-3 Шкендија
Турново 5-1 Гостивар
Вардар 1-1 Работнички
Табела 11 коло:
1. Металург Скопје – 19 бодови
2. Вардар – 18 б.
3. Турново – 17 б.
4. Работнички – 17 б.
5. Пелистер – 17 б.
6. Брегалница – 16 б.
7. Ренова – 15 б.
8. Шкендија – 14 б.
9. Еуромилк – 13 б.
10. Македонија ГП – 10 б.
11. Напредок – 9 б.
12. Гостивар – 7 бодови
Александар Ванев