„MAMA’S креативна кујна’’ за најмладите на Ајверијада 2013

Во склоп на денешната „Ајверијада’’, брендот  „MAMA’S’’ организираше „Креативна кујна’’.

Децата од трето и петто оделение на ООУ „Никола Вапцаров’’ ја покажаa својата креативност во изработка на уникатни фигури направени со помош на зеленчук, овошје и производи на „ MAMA’S’’ и Битолска млекара, кои беа организатори на оваа работилница.

Идејата за настанот беше дружење на децата и заедничкото работење како неизоставен дел.

„MAMA’S креативна кујна’’ траеше повеќе од еден час, а учесниците добија сертификати и подарок.

Comments are closed.