Тиверијанките ја совладаа екипата ЖФК „Речица’’

Во воведниот натпревар од 6-то коло во првата фудбалска лига – жени струмичанките триумфално поминаа низ Куманово каде ја совладаа домашната екипа на ЖФК „Речица’’ со резултат 0:3.

Струмичанките имаа доминација во текот на целите 90 минути, а головите ги постигнаа Александра Марковска, Симона Крстаноска и Мартина Димкоска. Во одбраната „царуваше“ Маја Ангеловска која не дозволуваше домашен играч да помине во полето на струмичанките.

Ова е петта победа во шестиот првенствен натпревар за Тиверијанките кои имаат амбиции за висок пласман.

Comments are closed.