Струмичанката Лилјана Георгиева го освои првото место на меѓународниот натпревар во спортска ориентација „Струмица опен 2013’’.
Таа беше најдобра во категоријата до 18 години на синоќешната Ноќна трка што се одржа на струмичкиот плоштад.
Инаку, Лилјана Георгиева е член на ОК „Еделвајс’’ – Струмица.
Натпреварот „Струмица опен 2013’’ трае уште утре. Последната, трета трка ќе се одржи на локацијата Суви Лаки, на планината Огражден.