Проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“ продолжува и во учебната 2013/14 година

Во рамките на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, кој е финансиран од Детската фондација Песталоци-Швајцарија, а се имплементира од општина Струмица, БРО-Скопје во партнерска соработка со МЦГО-Скопје, во двете основни училишта „Маршал Тито“-Струмица и „Маршал Тито“-Муртино, вклучени во проектот се спроведоа активности планирани со месечните акциони планови.

Учениците од ООУ „Маршал Тито“-Муртино на спортски план споделија несекојдневни игри, а учениците од ООУ „Маршал Тито“-Струмица подготвуваа традиционална храна за празникот Курбан Бајрам, а во рамките на празникот посетија и неколку домови со честитки за празникот.

Проектните активности предвидени во акциониот план за првото полугодие продолжуваат до крајот на оваа година.

Comments are closed.