Почна проширувањето на локалниот пат кон населеното место Сачево

Согласно општинската програма за реконструкција на локалната патна мрежа, почна проширувањето на делницата од магистралниот пат М6 што води за Ново Село до населеното место Сачево.

Овој локален патен правец се проширува од 3,2 на 6 метри во должина од 2,5 километри. Комплетната документација за овој проект ја изготви општина Струмица, а реконструкцијата се врши со средства од Европската банка за обнова и развој преку програмата за рехабилитација и реконструкција на локалната патна мрежа.

Проширувањето на патот до населеното место Сачево чини околу 200 илјади евра, а вкупната сума  преку оваа програма за општина Струмица изнесува 451.126 евра. Со овие средства е реконструиран локалниот патен правец меѓу населените места Муртино – Свидовица и е асфалтиран локалниот пат од населеното место Добрејци до истоимената индустриска зона.

Comments are closed.