СВР Струмица поднесе кривична пријава против Л.Д.(24) од с.Банско-струмичко, Б.Ф.(24) од Велес, Б.Ѓ.(33) од Скопје и К.А.(18) од Прилеп, сите вработени на бензинската пумпа обвинети се за сторено кривично дело „затајување“.
Пријавените, во периодот од 01.01. до 18.07.2013 година, присвоиле парични средства од дневниот пазар во вкупен износ од околу 350.000 денари, а по извршен попис е констатирано дека недостасува и гориво од околу 5.000 литри.
извор: Вис.мк